ЕВЕ КОЛКУ Е ‘ТЕЖОК’ СОПСТВЕНИКОТ НА ЗАРА: Не знае што да прави со парите, а само во недвижнини има огромно богатство

Инвестициската фирма на шпанскиот милијардер Амансио Ортега, основачот на модниот гигант Inditex, во четвртокот објави скок на пазарната вредност на недвижностите од минатата година од 2,8 милијарди евра на 18,1 милијарди евра, пренесува медиумската агенција Reuters.

Групацијата Pontegadea, инвестициското стебло на семејството Ортега, неодамна го „напумпа“ своето портфолио со инвестирање во логистички центри, користени од големи компании како FedEx, и во луксузни згради низ САД, од Њујорк до Сиетл.

Групацијата минатата година остварила нето добивка од две милијарди евра, во споредба со 1,6 милијарди евра во 2021 година, главно поради дивидендите на Inditex.

Амансио Ортега
Амансио Ортега

Со години, компанијата главно се фокусирала на недвижен имот, а во поново време инвестирала и во енергетски компании, купувајќи удели во соларни панели, оператори на електрична мрежа и ветерници.

Исто така, модниот гигант ги победил конкурентите минатата година, генерирајќи 15 отсто повеќе профит од нивото пред пандемијата.

Амансио Ортега има 59,29 отсто удел во Inditex.