ГОРИ ОМИЛЕНОТО МЕСТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА – На Халкидики итно испратен и хеликоптер за интервенција

Пожар во тревна површина избувнал нешто пред 11 часот по локално време на грчкиот полуостров Ситонија односно на Халкидики.

Според грчките медиуми, пожарот избувнал помеѓу местата Метаморфоси и Никити.

Според информациите, на терен излегле 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица, а во оваа област бил испратен и хеликоптер.

Според објавите на соседните медиуми, во моментов не се загрозени станбени области.

Да потсетиме, Грција со денови се бори со шумските пожари кои беснеат на островите Родос, Крф и Евија.