Еве кој ги украде црвените волшебни чевли од ,,Волшебникот од Оз”: Исчезнаа пред 18 години, а дури сега виновникот е обвинет за делото! (фото/видео)
Тери Мартин во вторникот беше обвинет од Големата порота за кражба на волшебните црвени влечки што ги носеше Џуди Гарланд во „Волшебникот од Оз“.
Федералните обвинители во Северна Дакота го објавија ова во средата. Обвинението не открива дополнителни информации за Мартин. Сепак, Минеаполис Стар-Трибун објави дека Мартин има 76 години и живее 30 километри јужно од музејот Џуди Гарланд во Гранд Рапидс.
Џени Хајц, извршен директор на музејот, изјави за ,,Асошиетед” прес дека е изненадена што осомничениот живеел во близина и што никој од вработените во музејот не го познава. Познатите чевли беа украдени во август 2005 година.
Тери Мартин влегол низ прозорецот на музејот, го скршил малото стаклено куќиште во кое биле изложени и ги зел. Понудија награда од милион долари за враќање на волшебните чевли. Нивната судбина остана мистерија сè додека ФБИ во 2018 година не објави дека ги пронашла во добра состојба по долга истрага.
Во романот на Л. Френк Баум, кој беше адаптиран во филм, магичните чевли беа сребрени. Но, за тогашните холивудски хитови се користеше новата технологија за производство на филмови во боја, Technicolor, па сребрените не беа доволно ефективни. Вториот пар го прифатија со таква промена.
Поради тежината, монистите на горниот дел од чевлите биле заменети со светки, а на секој чевел имало околу 2.300. Нема точна евиденција за тоа колку од чевлите на Дороти на крајот биле направени, но се вели дека станува збор за шест или седум пара.
Најмалку три идентични пара чевли што ги носеше Гарланд во „Волшебникот од Оз“ „преживеаја“ до денес. Еден од нив е изложен во Музејот на американската историја во Вашингтон, кој собра повеќе од 300.000 долари во 2016 година за да го врати во првобитната состојба.