Еве кој од членовите на поранешната ОВК добива најмногу пари за одбрана и посета на семејството! Колку зема Тачи, а колку Красниќи!?
Милиони долари од буџетот на Косовo е посочена за постапката што се води во Хаг против лидерот на поранешната ОВК (УЧК) пишува Теве 1, додавајќи дека Јакуп Красниќи најмногу користел пари за адвокати и трошоци за посети на семејството.
Како што наведуваат, тимовите за одбрана на обвинетите во Хаг се составени од еминентни адвокати од странство, кои имаат и свои трошоци, од кои дел се на товар на Косово.
Годинава кај нив отидоа над осум милиони евра, а најмногу профитираше одбраната на Јакуп Красниќи со повеќе од 1,5 милиони евра, додека за одбраната на Кадри Весељи и Реџеп Сељими беа наменети еден милион и 430.000 евра.
Последниот адвокатски тим на одбраната кој доби милионски бројки за една година е тимот на Хашим Тачи со 1,3 милиони евра.
Блиску милион беше одбраната на Пјетр Шаља, која Косово ја надомести со околу 900.000 евра. Околу 700.000 евра искористила одбраната на Салих Мустафа, а речиси 400.000 евра искористиле Хисни Гучат и Насим Харадинај.
Косово преку Министерството за правда ги покрива и трошоците на членовите на семејството при нивните посети на Хаг. Тие вклучуваат сместување, храна и авионски билети.
На врвот на листата е семејството на Красниќи, повеќе од 26.000 евра, додека семејството на Тачи е на дното со нула евра.
Членовите на семејствата Гучати, Харадинај и Сељими потрошиле 24.000 евра.
По нив следат членовите на семејството Весељи со 19.000 евра, а значително помалку пари им припаднале на членовите на семејството на останатите обвинети – Саљи Мустафа околу 10.000 евра и Пјетр Шаља 6.000 евра.