Еве од што почина Метју Пери: Пристигнаа резултатите од обдукцијата

Популарниот актер Метју Пери беше пронајден мртов во својата палата на 28 октомври оваа година, а неговата смрт го шокираше целиот свет.

Безживотното тело на актерот било пронајдено во џакузи, а соопштено беше дека актерот се удавил.

Сега пристигнаа резултатите од обдукцијата и со сигурност е потврдено од што починал Пери. Фактори кои придонесуваат за смртта на Метју вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот.

Според соопштението, портпаролот на „Лос Анџелес“ потврдил дека ѕвездата од „Пријатели“ бил убиена од кетамин и се удавила, а како што пишува Дејли Мејл, неговата смрт била несреќен случај.

„Фактори кои придонесуваат за смртта на г-дин Пери вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот (кој се користи за лекување на нарушување на употребата на опиоиди). Начинот на смрт е случаен.