Еве што изнесува полицијата од станот каде е пронајдено распарченото тело: Сè e спакувано во хартиени кеси! Патроли на местото на злосторството (ФОТО)
Тиктокерката Ноа Миливојев (18) денеска е пронајден мртва на улицата Цара Лазар во Белград.
За делото е уапсен Д.О.(33), кој во рамките на истрагата за исчезнувањето на ТикТокерката бил сослушан и во таа прилика го признал делото.
Како што претходно објавуваа српските медиуми, осомничениот О.Д. (33) влегол во вербален конфликт со девојката, по што ја убил Ноа, а потоа го исекол телото, го спакувал во пластични кутии и го оставил во бањата од станот каде што е пронајдено.
Полицијата цело време го обезбедува местото на злосторството и зема докази од станот.
Како што може да се види на фотографиите од местото на настанот, полицијата пакува голема количина докази во хартиени кеси и ги става во полициски автомобил.
Да потсетиме, тиктокерката исчезнала на 17 јуни во Белград, а на денот кога и’ се губи секаква трага телефонски разговарала со мајка си и и’ рекла дека ќе оди да се види со своето момче.