Еве што им испорачува Русија на Кинезите

Трговскиот промет меѓу Кина и Русија од јануари до септември се зголеми за 29,5 отсто на годишно ниво, на 176 милијарди долари.

Ова денеска го соопшти Генералната управа на царината на Кина.

Во септември трговскиот промет меѓу Кина и Русија изнесува 21,1 милијарди долари, пренесува Тас.

Вредноста на кинескиот извоз во Русија во септември достигна 9,6 милијарди долари, додека во исто време Кина увезе стоки за 11,5 милијарди долари.

Русија главно ја снабдува Кина со енергија, метали, дрва, земјоделски производи и морска храна, додека Кина испорачува патнички автомобили и камиони, електроника за апарати, багери, микропроцесорски единици, облека, обувки и стоки за широка потрошувачка.