ЕВЕ ШТО СМЕ НАСЛЕДИЛЕ ОД МАЈКИТЕ А ШТО ОД ТАТКОВЦИТЕ: Што мислите на кого сте паметни и згодни, а поради чии гени мажите ја губат косата?

„ Таа ја има насмевката на нејзиниот татко , тој ги има очите на неговата мајка “… Ова се нешта што обично ги слушаме кога ги споредуваме децата со нивните родители.

Сепак, постојат особини за кои можеби не знаете од каде доаѓаат . Науката има некои одговори.

семејство, бебе, бебиња, татко, мајка

Мајчината мудрост

Се работи за интелигенција. Вообичаено се вели дека жените се помудри и, иако ова може и да не е точно, факт е дека вашата интелигенција ја наследувате од гените на вашата мајка.

Метаболизам

Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, способноста за слабеење и одржување на здрав метаболизам доаѓа од мајката.

Килограм дополнително…

Меѓутоа, истата студија открива дека можете да го обвините татко ви ако малку се здебелите. Иако, се разбира, сè зависи од други фактори како што се начинот на исхрана и вашиот животен стил.

Пубертетот

Генетиката на двајцата родители игра улога во пубертетот, но студијата објавена во New England Journal of Medicine сугерира дека треба да му се заблагодарите на вашиот татко ако го достигнете пубертетот порано од останатите ваши соученици.

Семејна историја

Семејната историја е важна за да знаете дали ќе имате деменција подоцна во животот, особено семејството на вашата мајка.

Ризици од Алцхајмерова болест

Според студијата објавена во „Biological Psychiatry“, генетските ризици поврзани со Алцхајмеровата болест првенствено доаѓаат од мајката.

Плодноста доаѓа од таткото

Верувале или не, на плодноста на жената може да влијае генот наследен од нејзиниот татко.

трудница, бременост

Генетска дисфункција

Во една студија објавена во Science, генетската дисфункција пренесена од таткото може да влијае на јајце клетките на жената, што ја прави неплодна.

Фокусирајте се

Ако имате проблеми со концентрацијата, виновна може да биде мајка ви.

Серотонин

Ако вашата мајка имала пониски нивоа на серотонин, поголема е веројатноста да развиете нарушување на дефицитот на внимание, според студијата објавена во JAMA Psychiatry.

Шансите не се баш 50/50

Се разбира, вашиот пол е дефиниран од вашите гени, но семејството на вашиот татко би можело да има улога во тоа.

Браќа и сестри

Студијата објавена во „Evolutionary Biology“ покажува дека ако мажот има повеќе браќа или повеќе сестри, тоа може да влијае на децата што ќе ги има.

ќелавост

Ќелавост и коса

Се разбира, постои една голема непријатност за машкиот пол: ќелавост, т.е. губење на косата. Луѓето мислат дека тоа е поради гените од страната на мајката, но..

Истражувањето спроведено за студија објавена од PLoS Genetics покажа дека губењето на косата може да биде резултат на двајцата родители, пишува MSN .