Еве што јадела Тања Савиќ за да добие витка линија: Не била задоволна од својот изглед, па го направила ова (фото)

Тања Савиќ не била задоволна од својот изглед, па решила да ги преполови оброците и така успеала да се ослободи од наслагите на стомакот.

Пејачката решила некое време да пие само цедено овошје и зеленчук, но постојано била гладна, па се откажала од тоа. Затоа решила сама да смисли диета! Одлучила да јаде половина храна од тоа што го јадела порано и набрзо ги видела резултатите.

Тања Савиќ

-Почнав со детоксикација и требаше да пијам само сокови од овошје и зеленчук, но не можев да издржам без да ставам храна во уста. Соковите ги чував за појадок и решив да имам помали, лесни оброци со нив. Јадев салати, пилешко, риба… Се разбира, сите без леб. Буквално ја преполовив количината на храна што ја консумирав и тоа брзо ми донесе резултати – вели пејачката.

Тања вели дека, како и многу други жени, најмногу се здебелува во пределот на стомакот.

– Штом ставам неколку килограми, стомакот веднаш ми се зголемува и тоа ме нервира. Конечно успеав да го стопам салото! Сега никаде немам вишок. Навистина ослабев во тој дел од телото и многу сум задоволна од тоа како изгледам. Имам тенденција да се здебелувам, па морам одвреме-навреме да ја регулирам исхраната за да ја задржам витката линија – искрена е таа.

Пејачката најмногу се здебелила за време на карантинот поради коронавирусот:

– Во тоа време навистина ми беше досадно, бидејќи не настапував, само седев дома. Ми пречеше што се здебелив, особено кога ќе се погледнев во огледало и ќе видам дека секаде „пука“. Штом почнав да настапувам ослабев, а сега веќе немам сало ни на стомак.

Тања не крие дека понекогаш сака да се опушти и да јаде повеќе отколку што треба.

– Човекот понекогаш мора да си даде одмор. Ми се случува да јадам непосредно пред настап, а тоа не е многу паметно. Се изгладнувам, па се прејадувам и едвај пеам.

Еве што јаде Тања Савиќ

Појадок: Сок од овошје и зеленчук

Ручек: Пилешко и салата

Вечера: Риба

Совет: Јадете неколку пати во текот на денот, но внимавајте да бидат помали оброците.