Европа влезе во фаза на подготовка за војна со Русија! Драматично предупредување на Орбан: На неколку сантиметри сме од уништување!
Европа влезе во фаза на подготовки за војна со Русија бидејќи се повеќе е вовлечена во вооружениот конфликт во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио „Кошут“.
Како што прецизираше, секоја недела гледа сè повеќе знаци дека ЕУ и НАТО се подготвуваат за воена акција. Премиерот посочи дека „одењето во војна не се случува во еден чекор“.
– Има три фази: дискусија, подготовка и уништување. Сега ја завршуваме дискусијата и сме во фаза на подготовка. На неколку сантиметри сме од уништување – рече тој.
Зборувајќи за нуклеарното оружје, Орбан претходно рече дека европските политичари имаат тенденција да ја мислат нуклеарната бомба најмногу како „тактичко одвраќање“ наместо нешто што всушност треба да се користи.
Сепак, тој додаде дека проблемот е што никој за време на Втората светска војна не помислил дека Американците ќе користат нуклеарни бомби.
Орбан рече дека го смета разговорот за нуклеарно оружје за „лош знак“.
Од фразата „мисија на НАТО во Украина“ ви се крева косата – изјави унгарскиот премиер.
Унгарскиот премиер изјави и дека во Брисел залудно „кршат глава“ околу враќањето на задолжителниот воен рок во ЕУ, бидејќи Будимпешта нема да дозволи нејзини граѓани да бидат испратени да учествуваат во туѓа војна.
Тој нагласи дека Будимпешта се противи одлуката отслужувањето на воениот рок на унгарските граѓани да се носи „во Германија или Брисел“.