Антиисламскиот популист, Герт Вилдерс, освои најмногу гласови на парламентарните избори во Холандија.
По 25 години во Парламентот, неговата Партија на Слободата би требало да освои 37 пратенички места, што е многу повеќе од второпласираниот противник.
„ПВВ повеќе не може да се игнорира. Ќе владееме“, порача тој.
Неговата победа ја потресе холандската политика и ќе ја шокира Европа.
Но, за да го исполни своето ветување дека ќе биде „премиер за сите“, тој ќе мора да ги убеди другите партии да му се придружат во коалиција.
Неговата цел е 76 места во 150-члениот парламент.