ЕВРОПА ГОРИ, ЛУЃЕ УМИРААТ ОД ТОПЛИНА Пронајдени неколку тела на туристи во Грција, срушени се сите рекорди во Турција – А НАЈЛОШОТО ДОАЃА
Маса топол воздух над Северна Африка и централниот Медитеран се движи кон исток, па метеоролозите предвидуваат дека од вторник до петок во Грција и Турција температурите вртоглаво ќе се искачат до 45 степени.
Врвот на топлотниот бран се очекува во среда и четврток, а температурите треба да опаднат за време на викендот. Колку е опасна ситуацијата по здравјето покажува и фактот што од вторник училиштата во делови на Грција ќе бидат затворени во 11:30 часот или воопшто нема да работат доколку локалните општини решат дека жештините се пресилни. Грчкото Министерство за труд ги повика луѓето од јавниот и приватниот сектор да работат од дома доколку е можно.
Во Грција повеќе туристи загинаа од горештините
За многубројните туристи кои моментално се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде што се дели бесплатна вода. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат енергично вежбање на отворено.
Раниот топлотен бран се совпадна со серија на исчезнувања и смртни случаи на туристи во последните денови во оваа медитеранска земја, што ги истакна опасностите од изложеност на топлина. Во изминатите денови на грчките острови беа пронајдени телата на неколку странски туристи. Нивната смрт најверојатно е предизвикана од прошетката во потрага по скриени плажи на високи температури, кои во изминатите неколку дена се уште беа околу 40 степени Целзиусови. Телото на 55-годишен Американец е пронајдено на островот Матраки. Пред тоа во саботата на островот Самос беше пронајдено тело на холандски турист (74).
Двајца планинари се пронајдени мртви на Крит. Да потсетиме, на почетокот на јуни исчезна Британецот Мајкл Мозили, познат ТВ водител, а неговото тело беше пронајдено на 9 јуни. И тој отишол на прошетка по најголемите горештини во моментот на исчезнувањето. Спасувачките тимови во Грција трагаат по две Французинки, на возраст од 73 и 64 години, на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на Аморгос.
Во Италија температурите се 10 степени над просекот
Турската метеоролошка служба предупреди на топлотен бран, кој најмногу ќе го зафати западниот дел од земјата, каде се очекуваат температури од околу 45 степени. И Италијанците се потат на температури од 40 степени како последица на „африканскиот антициклон“.
– Ова е 10 степени над сезонскиот просек за Италија, изјави метеорологот Антонио Сано, основач на веб-страницата Ил Метео, кој предвиде дека топлотниот бран на Сахара „наскоро ќе ја зафати целата земја“.
Како што јави АНСА, во вторник живата ќе се искачи до 34°C, а температурите ќе бидат уште повисоки во Пуља, Сицилија и Сардинија. Топлините ќе се интензивираат од среда до петок, рече Сано. Термометрите ќе измерат 39 и 40 Целзиусови во Рим, Неапол, Фиренца и Ферара, а во внатрешноста на Сардинија и Сицилија живата ќе се искачи дури до 44 степени.
Метеорологот најавува дека идната недела антициклонот ќе ја „изгуби силата“ и дека на север ќе пристигнат првите обилни врнежи од дожд, а температурите ќе опаднат во сите региони.
Топлотниот бран не ја заобиколи ниту Шпанија. Минатата година во таа земја како последица на горештините загинаа дури 3.000 луѓе. Од среда до петок најтоплата воздушна маса ќе пристигне од Италија кон централниот Балкан, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска – додека алпскиот регион и Германија најтопол воздух во четврток, петок е врв на жештината. бран во Италија, земјите од северниот балкански полуостров, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.