“ЕВРОПА Е НАШИОТ ЕДИНСТВЕН ДОМ“ – Арбен Таравари со обраќање по повод 100 дена од влезот на АА во Владата: “Гордо можам да кажам дека сега земјава се движи напред“

Пред 100 дена земјава беше парализирана, а неспорно е дека сега е во многу подобра состојба отколку пред 100 дена. Гордо можам да кажам дека се движи напред“, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во обраќањето по повод 100 дена од влезот на партијата во Владата.

Постојано барам од секој функционер на Алијанса за Албанците резултати и нулта толеранција на корупцијата. Уште од почетокот на нашето управување со Министерството за правда презедовме низа активности за да ја зголемиме довербата на граѓаните во судството,…. Преку Министерството за информатичко општество и администрација ќе формираме една точка на која ќе се нудат 182 електронски услуги на едно место,… Откао управуваме со Министерството за здравство за 3.000 денари ги зголемивме платите на сите здравствени работници, а за 162 отсто го зголемивме надоместокот за дежурство“, тврди Арбен Таравари.

Посочи дека имало многу ветувања за евроинтеграциите на земјава, но многу и се лажело.

Од нас се очекува што поскор да ги направиме уставните измени за да се интегрираме. Но, ситуацијата е променета со интервенцијата на Русија во Украина и пројавувањето на проруски ставови во соседството. Можно е и кај нас да преовладаат проруските ставови. Европа е нашиот единствен дом, но не чека на нас. Затоа нашата демократија мора да ги надмине предизвиците и да не дозволи да не блокираат противниците на западот“, вели Арбен Таравари.

Порача дека во иднина наместо на темите кои не разделуваат треба да се фокусираме на оние кои не обединуваат.

Такво е и нашето барање за албанскиот јазик во Уставот. Очекуваме тоа да биде едногласно поддржано“, потенцира Арбен Таравари.

Истакна дека сите одлуки на политичарите во земјава треба да се носат имајќи ги во предвид потребите и барањата на младите затоа што, како што кажа, тие се нашата иднина.

Ако како политичари продолжиме да размислуваме само за идните избори ќе бидеме одговорни за егзодусот на младите. Време е да се однесуваме како државници“, порача Арбен Таравари.

Прашан за очекувањата за процесот на уставните измени во Собранието кажа дека очекува да има 80 пратеници кои ќе ги поддржат измените и додаде дека имаат контакти со сите партии, но не со некои поедини пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако не се донесат уставните измени и се дозволи Албанија да се одвои и сама да ги продолжи преговорите ќе влеземе во изолација како во 2008 година, а потоа ќе треба да направиме потешки отстапки за да го продолжиме евроинтегративниот процес, како што беше со името за да влеземе во НАТО“, истакна Арбен Таравари