Европа воведува нови технички прописи кои ќе ги отстранат постарите автомобили од патиштата, особено дизелите без филтри DPF, што многу сопственици ќе ги стави пред тешка финансиска одлука.
Европа најави драстични мерки кои директно ги таргетираат автомобилите постари од 10 години, особено дизелите. Бриселските власти ја оправдуваат оваа иницијатива со потребата од намалување на сообраќајните несреќи и загадувањето, меѓутоа, реалноста за сопствениците на постари возила може да биде финансиски катастрофална.
Новите правила воведуваат построги технички прегледи, со посебен фокус на автомобилите без филтри за честички (DPF) , од кои има милиони на европските патишта. Овој потег е дел од пошироката стратегија за постепено елиминирање на постарите возила од сообраќајот, без оглед на нивната фактичка состојба и одржување.
Во некои земји од ЕУ веќе е задолжително сите автомобили постари од една деценија да подлежат на годишен технички преглед, заедно со евиденција за километражата. Интересно е што дури и Германија, позната по ригорозните технички проверки кои ги надминуваат стандардите на Брисел, не инсистира на годишни инспекции, туку ги организира на секои две години.
Германските експерти ги отфрлаат предложените мерки
Германските експерти остро го критикуваа европскиот предлог, оценувајќи го како непропорционален и прескап , особено за добро одржувани постари возила. Сметаат дека Брисел погрешно пристапува кон проблемот со сообраќајните несреќи, ги оптоварува сопствениците наместо да ги решава суштинските проблеми.
Најконтроверзниот дел од најавените регулативи се однесуваат на возилата без DPF филтри или оние од кои потоа се отстранети овие филтри. Современите филтри за честички обично се регенерираат сами за време на подолги возења, но возењето во град е вистински предизвик за дизелите Еуро 5 и Еуро 6, што доведува до абење по 150.000-200.000 километри.
Замената на филтерот DPF може да чини до 2.500 евра , поради што многу сопственици прибегнуваат кон алтернативни решенија како што се чистење, „дупчење“ или целосно отстранување од системот за издувни гасови. Проблемот за регулаторите е што сегашните технички тестови не ја мерат ефикасноста на овие компоненти или честичките во издувните гасови.
Практично е невозможно Европската унија да го одреди точниот број возила без функционални DPF филтри без демонтирање на издувните системи, што не е ниту дозволено ниту изводливо при стандардните контроли.
Доколку се усвојат предложените мерки, милиони сопственици на дизел ќе се соочат со тешка одлука – да платат скапи поправки или да се збогуваат со своите автомобили. Иронично, многу од тие возила најверојатно ќе завршат во Источна Европа и на Балканот, само преместувајќи го проблемот со загадувањето.
Оваа ситуација јасно покажува дека европската еколошка агенда е особено тешка за граѓаните со помала куповна моќ , кои не можат да си дозволат нови, поеколошки автомобили.