ЕВРОПА СЕ ‘ТРЕСЕ’ ОД ВАГНЕР ВО БЕЛОРУСИЈА – Итен телефонски разговор помеѓу министрите за одбрана на САД и Полска
Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, вчера телефонски разговарал со полскиот колега Мариуш Блашчак за присуството на руската паравоена група Вагнер на територијата на Белорусија, соопшти денес Пентагон.
Двете страни ветија дека ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата, се додава во соопштението.
Лојд Остин и Мариуш Блашчак разговараа и за упадот на белоруски авиони во полскиот воздушен простор на 1. август. Американскиот секретар за одбрана ѝ се заблагодари на Полска за поддршката на Украина, а официјалните лица ја потврдија важноста од континуираната безбедносна помош за украинскиот народ.