ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТ ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ – Русите тврдат: “Пресретнавме американски дрон во близина на нашата граница, веднаш подигнавме борбен авион!“

Руски борбен авион Su-30 бил итно подигнат поради лансирање на извидувачки дрон МК-9А на американското воено воздухопловство над Црното Море, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија.

За да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Руската Федерација, во воздух е лансиран ловец Su-30 од силите за противвоздушна одбрана. Екипажот на рускиот ловец ја идентификуваше воздушната цел како МК-9А – извидувачки дрон на американското воено воздухопловство“, се наведува во соопштението што го објавија руските медиуми.

Според информациите, американскиот разузнавачки дрон се свртел од руската граница при приближувањето кон рускиот авион.

Рускиот авион безбедно се врати во својата база, при што не е дозволено прекршување на државната граница на Руската Федерација“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Министерството за одбрана на Русија на крајот на јули соопшти дека американскиот дрон МК-9А опасно се приближил до авион Su-30 на руските воздушни сили на небото над Сирија.