ЕВРОПА СЕ “ТРЕСЕ“ ОД ПОЧЕТОК НА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА – Од Германија стигна предупредување: “Постои опасност…“
Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, оцени дека постои опасност од војна во Европа и посочи дека Германија мора да може да се одбрани.
Борис Писториус за јавниот сервис ZDF изјави дека конфликтот на Блискиот Исток и војната меѓу Русија и Украина ќе имаат последици во германското општество.
„Мора да се навикнеме на идејата дека во Европа може да има опасност од војна“, предупредува германскиот министер за одбрана.

Борис Писториус вели дека Германија истовремено ќе направи се за да спречи понатамошна ескалација во блискоисточниот конфликт.
Зборувајќи за ситуацијата, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку и се сменети структурите.
Според Борис Писториус, Бундесверот одамна е запоставен, но ќе биде во сосема поинаква позиција до крајот на деценијата.