Европа се тресе од тоа што го бара Путин! Се плашат да не се случи истото како со Хитлер: „Ќе стигнат до портите на пеколот“
Во првата рунда преговори со Америка за завршување на војната во Украина, Русија побара повлекување на силите на НАТО од источното крило на алијансата, што предизвика загриженост во европските престолнини.
Шефот на кабинетот на романскиот претседател и советник за одбрана и национална безбедност, Кристијан Диаконеску, вели дека американската делегација го одбила барањето на Москва, но нема гаранции дека на крајот нема да му направи отстапка на Путин.
„Ситуацијата може да се менува од ден на ден, па дури и од час во час”, изјави Дијаконеску за телевизијата Антена3.
Тој додаде дека руската делегација на разговорите во Ријад не успеала да ги убеди Американците во повлекувањето на НАТО и дека понатамошните посети на лидерите на Обединетото Кралство и Франција на Вашингтон следната недела ќе се обидат да го убедат Трамп да не попушта на ова барање.
Сепак, досегашните отстапки на Трамп кон Москва ги прават нервозни владите на источноевропските земји.
Рускиот претседател долго време се обидува да ја врати сферата на влијание на неговата земја во Источна Европа во согласност со договорот постигнат од САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз на крајот на Втората светска војна на Мировната конференција во Јалта. Повлекувањето на силите на НАТО од земјите од поранешниот Советски Сојуз беше едно од главните барања на Путин од САД дури и пред да започне сеопфатен напад врз Украина во февруари 2022 година.
Трамп дополнително ги вознемири сојузниците кога рече дека обидот на Украина да влезе во НАТО е причина за инвазијата на Путин. Загриженоста се зголеми кога Трамп го нарече украинскиот претседател Зеленски „диктатор“ и го предупреди дека наскоро може да ја изгуби својата земја доколку не се согласи на мировен договор и ги исклучи европските престолнини од предвремените мировни преговори.