Холандскиот фудбалски клуб Гоу Ахед Иглс од Девентер синоќа го прослави освојувањето на првиот трофеј по долго 92-годишно чекање.
Гоу Ахед Иглс важеше за гигант во самите почетоци на холандскиот фудбал. Овој тим освои четири шампионски титули на Холандија и беше вистински гигант на почетокот, но последната титула ја освои во далечната 1933 година.
Сушата траеше 92 години, но беше прекината синоќа кога Го Ахед Иглс го освоија својот прв трофеј по долго чекање освојувајќи го холандскиот куп на сензационален начин.
Гоу Ахед Иглс славеше против АЗ Алкмар по подоброто изведување пенали, а особено импресивен е начинот на кој овој тим дојде до пресвртот и трофејот.
Имено, фаворизираниот АЗ Алкмар имаше водство до деветтата минута од судиското надополнување, кога беше досуден пенал за Го Ахед Иглс. Постигнаа гол и добија продолженија.
По 120 минути игра немаше победник, па се одржа пенал рулет. Таму беше одличен белгискиот голман Јари Де Бусер, кој одбрани два пенали во престрелката и му донесе голем трофеј на својот тим.
Интересно, сите голови видени на финалниот натпревар беа постигнати од пенали. Најпрво Трој Парот го доведе АЗ Алкмар во водство од пенал во 54. минута, а Матс Дејл реализираше пенал во 99. минута за израмнување.
Во судиското продолжение немаше голови, а потоа започна пенал-рулетот, по што ГА Иглс победи со резултат 4:2.