Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека повеќе земји ширум светот сакаат да потпишат трговски договори со ЕУ, наведувајќи го тоа како „позитивен несакан ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми тарифите за американските стоки.
Фон дер Лајен изјави за германскиот весник Цајт дека „Европа е целосно будна“ за можностите за „нов светски поредок“.
„Во моментов одржувам голем број разговори со шефови на држави и влади ширум светот кои сакаат да работат заедно со нас на новиот поредок“, рече фон дер Лајен.
Таа посочи дека не се работи само за економски врски, туку и за воспоставување заеднички правила и предвидливост.
„Сега мораме да го искористиме овој моментум за да отвориме нови пазари за нашите компании и да воспоставиме што е можно поблиски односи со многу земји кои имаат исти интереси како нас“, рече Фон дер Лејен.
Откако беа воведени новите американски царини на 2 април, бран на несигурност ја зафати трансатлантската трговија, при што ЕУ бара нови начини за продлабочување на врските со другите големи економии, како што е кинеската, објави Политико.