Европската земја не го сака еврото?

Полскиот министер за финансии Андреј Домански денеска изјави дека Полска не е подготвена да почне да ја користи валутата евро.

Домански рече дека верува оти нивната валута, полската злота, и помогнала на Полска да ја избегне рецесијата за време на глобалната финансиска криза, пишува Асошиетед прес.

Полска е меѓу десетте земји кои се приклучија на Европската унија на 1 мај 2004 година, кога ветија дека ќе престанат да ги користат нивните национални валути и ќе се приклучат на еврозоната.