Европската комисија на 8. ноември ќе ги презентира извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Европската комисија на 8. ноември ќе ги презентира годишните извештаи за напредокот на земјите кои очекуваат идно пристапување во Европска унија, потврди потпретседателката на ЕК, Дубравка Шуица, по денешната седница на Советот на ЕУ за општи прашања во Луксембург.

Остануваме на ставот дека проширувањето на ЕУ треба да ги следи заслугите на секоја земја кандидат за пристапување. Земјите треба да влезат во ЕУ кога ќе бидат подготвени и ќе ги исполнат барањата“, посочи Дубравка Шуица.

Дубравка Шуица додаде дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во ноември ќе ги посети земјите од Западен Балкан.