“ЕВРОПСКАТА УНИЈА Е НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ НА СЛОВЕНИЈА!“ – Урсула фон дер Лајен најави подготвеност на ЕУ да ја собере потребната помош по страшното невреме
„Европската унија е подготвена да и ја даде потребната поддршка на Словенија во врска со поплавите предизвикани од обилните дождови во земјата“, изјави во саботата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„ЕУ е на страната на народот на Словенија. Ќе собереме поддршка по потреба“, напиша Урсула фон дер Лајен на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич веќе е во Љубљана и разговара со словенечката Влада“, додаде Урсула фон дер Лајен.
Најмалку четири лица загинаа во Словенија како последица на поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во петокот. Според информациите од тамошните медиуми, на некои места наврнале и до 200 милиметри дожд. Регионот Целје, третиот по големина град во земјата, беше особено погоден од невремето.
Словенечкото одделение за цивилна заштита соопшти дека некои региони во земјата се целосно отсечени од сообраќајните комуникации, а комуникацијата со нив е отежната.