Европската унија изразува жалење поради фактот што новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова не го употребила уставното име на државата за време на полагањето заклетва, објави Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС), пренесува Телеграф Македонија.
„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција“, се вели во соопштението на ЕЕАС.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера преку социјалната мрежа „Х“ порача дека Македонија треба да продолжи со членството во ЕУ со спроведување реформи и почитување на поврзаните договори, вклучително и оној од Преспа.
„За Македонија да го продолжи својот успешен пат кон членство во ЕУ, поважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на обврзувачките договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Урсула фон дер Лајен.