Од европските земји, Македонија е трета по иселување, покажа најновото истражување на „Евростат“. Во споредба со 2011 година, се иселиле 11,4 отсто од населението, најголема емиграција се бележи во Албанија, а по неа е Бугарија. Зад Македонија се Босна и Херцеговина и Хрватска. Бројот на населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот од 2024 година, споредено со 2011 година.
Во регионот, речиси сите земји се зафатени од бранот на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население, кое е речиси непроменето, е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.