Евтина, подмладувачка житарка! Ги спречува брчките и ги штити коските – јадете го што почесто

Јачменот е ефтино зрно кое содржи многу влакна, но и аминокиселина која учествува во синтезата на колаген и помага во одржување на еластичноста на кожата.

Јачменот е хранливо богато жито  кое паднало во сенка на други, попопуларни видови. Сепак, уште од античко време е позната како храна која лесно се вари, содржи многу растителни влакна, поради што е добра за интестиналниот мотилитет, а на организмот му обезбедува есенцијални витамини како што се витамините Б, А и Е.

Исто така, јачменот содржи голема количина на лизин, аминокиселина која активно учествува во синтезата на колаген. Оваа супстанца е градежен материјал на зглобовите, ‘рскавицата, но и ноктите, косата и кожата. Затоа може да помогне во одржувањето на еластичноста на кожата и да го спречи создавањето на брчки .

Излупените зрна од јачмен се нарекуваат бисер јачмен поради нивниот посебен сјај и можат да се подготват на многу начини, а еден од најлесните е кашата.

Состојки:

  • 2 чаши излупен јачмен
  • 4 чаши вода вода
  • 6 чаши млеко

Подготовка:

Истурете вода во садот со житарки и оставете преку ноќ. Следниот ден исплакнете и процедете, а потоа истурете ги житарките во загреаното млеко. Оставете го млекото да зоврие, па покријте, намалете ја топлината и динстајте околу час и половина.