ЕВE КАКО ЗАПОЧНА ДРАМАТА ВО РУСИЈА: Погледнете како надојдената река ја разнесе браната во Орск! ВОДАТА ВО ГРАДОТ Е ПОВИСОКA ОД 4 МЕТРИ
Властите евакуираа повеќе од 5.000 жители на регионот Оренбург по пукањето на браната на Урал!
Драмата е се поголема бидејќи нивото на водата во реката кај Орск е критично и е околу девет и пол метри, според последните информации. Тоа е два и пол метри повеќе од нормалата. Во претходните 24 часа на места водата порасна за речиси четири метри.
Телеграмскиот канал SHOT наведува дека браната во Орск е оштетена на две места и дека надлежните служби досега успеале да го спречат навлегувањето на вода само на едно од нив. На социјалните мрежи се појави и видео од пукањето на браната во петокот вечерта. На видеото се гледа дека надлежните служби со машини се обиделе да ја наполнат пукнатината со земја, но водата ги однела остатоците од бариерата и се излела во градот.
— Pluton (@Pluton45873221) April 6, 2024
Властите велат дека може да бидат потребни и до две недели водата да се повлече од Орск.
— Pluton (@Pluton45873221) April 6, 2024
За помалку од 12 часа, според последните информации, поплавени се повеќе од 2.500 куќи во областа Оренбург .
— Pluton (@Pluton45873221) April 6, 2024
Телеграмскиот канал База наведува дека најмалку две лица загинале по пукањето на браната во Орск. Еден од нив се качил на покривот за да се спаси од поплавата и паднал, додека другото тело било пронајдено во дворот на една од куќите. Спасувачите моментално ги проверуваат информациите за третата жртва.