Егзодус од епски размери! Десетици илјади луѓе бегаат од Хомс: Џихадисти пред портите на градот! Километарски колони возила се упатуваат кон брегот на Сирија и Дамаск! (ВИДЕО)
Десетици илјади луѓе избегаа од сирискиот град Хомс, бидејќи се чини дека овој град ќе падне во рацете на џихадистичката ХТС и бунтовниците. Долги колони возила се гледаат како се движат кон запад од земјата и кон југ.
Бунтовниците, предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС ), вчера упаднаа во градот Хама по жестоки борби, го зазедоа затворот и ги ослободија затворениците.
Плашејќи се дека Хомс ќе биде следниот град што ќе падне, владините сили се обидуваат да го обезбедат во последните часови, при што воен монитор известува за воздушни напади насочени кон мостот на автопатот што го поврзува со Хама во Ал Растан.
– Борбени авиони извршија неколку воздушни напади, гаѓајќи го мостот Ал Растан на автопатот Хомс-Хама. Тие ги нападнаа позициите околу мостот, обидувајќи се да го отсечат патот меѓу Хама и Хомс и да го обезбедат Хомс – соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR).
Како што се додава, бунтовниците се на само пет километри од Хомс, откако ја презедоа контролата врз два стратешки града Растан и Талбисе, на патот што го поврзува со Хама.
Додека бунтовниците напредуваат кон Хомс, на социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат колони автомобили. Луѓето очајнички се обидуваат да го напуштат градот Хомс, пишува Daily Mail.
Претежно луѓе кои бегаат со своите семејства, оние кои му беа лојални на претседателот Асад, како и несунитското население во градот, поточно христијаните од различно потекло – православни, католици, алавити, курди, муслиманите шиити…