– Научниците открија „Супер-Земја“, егзопланета што орбитира во „зоната погодна за живот“ околу Црвената џуџеста ѕвезда наречена TOI-715, која е оддалечена 137 светлосни години од нашата планета.
Во официјалното соопштение оваа недела НАСА објави дека планетата TOI-715b, која е 1,5 пати поширока од Земјата, орбитира во зоната погодна за живот околу својата ѕвезда на растојание што ѝ овозможува да направи еден циклус околу неа на секои 19 дена.
Течната вода теоретски би можела да се формира на нејзината површина поради тоа што е во „зоната погодна за живот“ на ѕвездата.
Во соопштението се истакнува дека друга планета, најверојатно слична по големина на Земјата, би можело да постои во системот на кој припаѓа TOI-715b.
Егзопланетата ја откри меѓународен тим на научници предводен од д-р Џорџина Дрансфилд од Универзитетот во Бирмингем, користејќи го Сателитот за транзитни егзопланети (TESS).
Истражувањето, исто така, заклучи дека Црвената џуџеста ѕвезда на која ѝ припаѓа егзопланетата „Супер-Земја“ е помала и поладна од Сонцето, а познато е дека таквите ѕвезди се „домаќини“ на карпести планети во нивните орбити.
TOI-715b може да се набљудува почесто бидејќи една орбита околу својата ѕвезда прави за само 19 дена, што е еквивалентно на една година.
Во истражувањето, исто така, се наведува дека ако се открие друга планета во системот центриран околу ѕвездата TOI-715, потенцијално би можело да биде најмалата планета во зоната погодна за живот откриена од телескопот ТЕСС.
Истражувањето е објавено во научното списание „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.