Египетски Ал Ахли по 12 пат првак на Африка

Фудбалерите на египетски Ал Ахли по четврти пат во последните пет години се крунисани во африкански шампион, откако го совладаа тунискиот Есперанс со 1-0 во реваншот од финалето синоќа во Каиро.

На првиот натпревар во Тунис немаше голови, а пред 60.000 гледачи во Каиро фудбалерите на египетскиот првак го освоија рекордниот 12. Африкански куп.

Капитенот Рами Рабија го доведе гигантот од Каиро во водство во четвртата минута и тоа беше единствениот гол на натпреварот.

Ал Ахли ја зацврсти својата позиција како врвен клуб на континентот со својот 12-ти триумф. Градскиот ривал Замалек од Каиро, како и ТП Мазембе имаат по пет трофеи во африканската Лига на шампиони.

Есперанс, кој ја освои титулата во четири наврати, по петти пат заврши како второпласиран.