Овој потег исто така има за цел да ги идентификува причините за нападите на ајкули
Египет планира да инсталира уреди за следење на движењата на ајкулите по минатонеделниот напад во Црвеното Море, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолија.
Руски турист (28) е убиен откако на 8 јуни бил нападнат и влечен под вода од тигреста ајкула во градот Хургада.
„По нападот, Министерството за животна средина одлучи да инсталира уреди за следење во рок од неколку дена за следење на движењата на ајкулите, особено тигрестите, во Црвеното Море“, пишува весникот „Ал-Масри ал-Јум“.
Овој потег исто така има за цел да ги идентификува причините за нападите на ајкули.
Двајца туристи од Европа загинаа во напади на ајкула во близина на Хургада во 2022 година. Во 2020 година, момче од Украина загуби рака, а египетски туристички водич изгуби нога во напад на ајкула. Во 2018 година, ајкула уби и чешки турист на плажа во Црвеното Море. Во сличен напад во 2015 година беше убиен и германски турист. Во 2010 година, во неколку напади на ајкула, еден европски турист беше убиен, додека неколку други беа осакатени во близина на Шарм Ел Шеик.