Сината туна на популарниот рибен пазар во Токио беше продадена за 207 милиони јени (1,3 милиони долари), што е втора најголема количина досега забележана на традиционалната продажба на рибата.
Аукцијата започна рано наутро на Toyosu Market, кој во последните години стана една од главните туристички дестинации во јапонската престолнина, пишува Kyodo.
Туната тешка 276 килограми била уловена покрај брегот во североисточната префектура Аомори, а заедно ја купиле трговец посредник и компанијата која управува со синџирот ресторани Суши Гинза Онодера.
„Првата туна во годината носи среќа. Сакаме да им го разубавиме денот на луѓето со храна“, изјави Шинџи Нагао, директор на синџирот ресторани.
Во 2019 година, сината туна достигна 333,6 милиони јени на првата аукција во Новата година, што е највисока цена забележана откако споредливите податоци беа достапни во 1999 година.