Јаткастите плодови се препорачуваат поради многу причини, тие се многу здрави и се одлична алтернатива за грицкање на некои помалку здрави опции.
Бјанка Тамбурело истакнува дека “јаткастите плодови се одлична храна за слабеење бидејќи се полни со здрави масти кои промовираат ситост, како и протеини и влакна. Богати се со хранливи материи и содржат многу калории, но тоа не е причина за да ги избегнете, само внимавајте на количината на дневни порции“.
Како најдобар вид на јаткасти плодови што можете да ги јадете за слабеење, диететичарите ги издвоија бадемите. Еве зошто.
Висока содржина на влакна
“Влакната се важна хранлива материја во повеќето диети. Ако се обидувате да изгубите тежина, влакната може да бидат важни бидејќи ви помагаат да се чувствувате сити и задоволни подолго”, вели диететичарот Саманта. Храната богата со растителни влакна може да го подобри метаболизмот, да го намали ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 и да ја подобри дигестивната функција, пишува Eating Well.
Тие се богати со антиинфламаторни својства
Бадемите се богати со антиинфламаторни растителни соединенија наречени флавоноиди, полифеноли и проантоцијанидини. Антивоспалителните намирници како бадемите помагаат при слабеење бидејќи доказите покажуваат дека прекумерната тежина може да доведе до хронично воспаление. МекКлеод истакнува дека „влакната во јаткастите плодови можат да помогнат во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта, што влијае и помага да се намали воспалението во телото“.
Тие се полни со протеини
Телото постојано ги обновува и одржува коските, мускулите, клетките и ткивата, а сето тоа бара протеини. Тамбурело истакнува дека „прекумерното ограничување на внесот на храна е честа грешка при губење на тежината и може да доведе до прејадување подоцна“. Затоа се препорачува да јадеме храна богата со протеини, кои ќе го забават варењето и ќе не направат сити.