Еден загинат во сообраќајка кај Братиндол, во прекин сообраќајот на патот Битола-Ресен 

 – Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот. 

Според првичните информации на СВР Битола, во сообраќајката учествувале неколку возила.

Сообраќајот на магистралниот пат на релација Битола-Ресен е во целосен прекин од 20:45 часот и се пренасочува по стариот пат.