Еден збор е забранет на бродовите за крстарење! Кога ќе се изговори, настанува мртва тишина – еве зошто

ТикТокер Марк Себастијан објави видео во кое го прикажува бонтонот за крстарење со брод. Непишано правило е никогаш да не се спомнува ниту еден збор – Титаник.

Многу патници уживаат да запознаваат други патници додека се на крстарење. Но, тие треба да знаат дека постојат правила на однесување на брод за крстарење.

Младиот Марк Себастијан (34) во јануари годинава си обезбеди место на брод за крстарење. Тој патувал со брод за крстарење 9 месеци и ги посетил Јужна Америка и Антарктикот. Тој постојано објавуваше интересни видеа за неговото патување на TikTok. Во една од нив изјави кои се непишаните правила за време на крстарењето.

@marcsebastianf someone get whoopi on the line girl i have some goss for her #ultimateworldcruise #worldcruise #serenadeoftheseas #cruisetok #cruise #9monthcruise #titanic ♬ original sound – Marc Sebastian

Тој опиша дел од новооткриените сознанија, објаснувајќи дека дознал дека бродовите за крстарење имаат „кумови“ кои носат среќа и заштита, а дека актерката Вупи Голдберг била таа што била номинирана за кума на неговото крстарење.

Марк исто така бил изненаден кога сфатил дека базените на палубата се полни со океанска вода. Тој исто така изјавил дека најважното  нешто на кое треба да се обрне внимание е зборот што треба да се искорени од вашиот вокабулар пред да тргнете на крстарење.

– Не треба да зборувате за Титаник на бродот. Кој би го знаел тоа? Јас не. Реков на бродот за крстарење, во просторија полна со луѓе, дека нашиот брод е само 10 метри подолг од Титаник. Падна прибор за јадење, келнерите се стресоа, а потоа завладеа мртва тишина – изјави Марк.

Својата тешка грешка ја сфатил дури кога пријателот се наведнал преку масата и му шепнал што направил, пренесува Ladbible.