Еден знак е сигурен индикатор дека жената доживеала оргазам: Ова секогаш ги издава – не дозволувајте повеќе да ве фолираат (фото)

Партнерот нема ни да знае дека не се „задоволил“, а оној кој глуми оргазам ги намалува шансите следниот пат да го доживее со истиот партнер.

Околу 30 проценти од жените немаат проблем со редовно доживување на кулминација, а останатите 70 проценти го доживуваат многу поретко – приближно секој петти секс, при што дури 15 проценти од жените откриваат дека никогаш не доживеале сексуална кулминација или доживеале само еднаш или двапати во животот.

Сепак, студиите покажуваат дека над 90 отсто од жените во одреден момент глумиле оргазам, обично за да не го повредат партнерот.

Ова не звучи толку необично ако го споменеме фактот дека околу 20 отсто од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што нивната партнерка не мора да глуми, односно дека е невозможно да не и’ угоди и да не доживее оргазам.

Целосно јасни знаци на оргазам се грчеви на мускулите – најчесто вагинални, поради што жената се чувствува „позатегнато“. Може да се појават и грчеви во нозете.

При зголемен интензитет на стимулација каде што здивот и’ станува пократок, а воздишките погласни, откако ќе ја достигне вистинската кулминација, таа ќе паузира, бидејќи ќе и’ требаат барем неколку секунди да се опорави. Голем број жени по оргазам ќе го зацрвенат делот над градите, каде што кожата е тенка, а сето тоа поради напливот на хормони.

Дури и да глуми оргазам, тоа не мора да значи дека не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жените најголемата активност во центрите за задоволство на мозокот е за време на сексот, односно „на пат до оргазам“, додека непосредно пред кулминацијата активноста нагло опаѓа.

Од друга страна кај мажите е обратно, активноста во тие делови е најголема при самата ејакулација.