ЕДЕН ОД НАЈДЕБЕЛИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Последните 5 години не можел да излезе ни од дома (ФОТО)

Еден од најдебелите луѓе на светот е пронајден мртов во својот дом само неколку дена откако ветил дека ќе ослабне.

Леонид Андрејев (60) е заробен во својот дом во последните пет години. Маж тежок 280 килограми бил пронајден мртов во својот дом во селото Армизонское во Русија на 17 ноември, само еден ден откако за локалните медиуми изјавил дека планира да ослабе и да го смени станот.

Андрејев наводно доживеал срцев удар.

Тој претходно им кажа на новинарите дека планира да започне нова диета со само една шолја лесна супа за ручек. На тој потег се одлучил откако докторот го предупредил дека мора да изгуби најмалку 45 килограми за да може повторно да живее нормален живот.

– Се обидов да изгубам барем неколку килограми, јадев помалку, а ги избегнував производите од брашно – изјави Андрејев за новинарите.

Бил женет и разведен двапати и немал деца.

Тој го шокираше и печатот откривајќи дека порано бил спортист и дека имал само 70 килограми.

Трагично, пред само десет години, Андреев беше ловец кој водел сопствена фарма и учествувал во жетвата на земјоделските култури.

Андреев рече дека неговите проблеми со тежината започнале кога ја напуштил воената кариера и дека за само три месеци неговата тежина речиси двојно се зголемила на 100 килограми и никогаш не престанала да расте.

Неговото зголемување на телесната тежина било предизвикано од метаболичко нарушување , а пред пет години неговата големина била толку голема што морал да ја напушти работата.

Потоа го започнал својот затскриен живот на софата каде што живеел и спиел додека гледал телевизија цел ден. Соседите му помогале и ја исчистиле куќата.

Во еден момент крвниот притисок на Андрејев се зголемил толку многу што повикал брза помош, но по проверката на симптомите, болничарите одбиле дополнителна помош поради неговата тежина.

-Станувам наутро, готвам храна, јадам малку, гледам телевизија. Јадев каша, најтешка, лепчиња, компири, леб… Веројатно така се здебелив – рекол еднаш Андреев.

Иако Андреев бил исклучително тежок, во историјата имало и подебели луѓе.

Џо Брауер Минок е најдебелиот човек кој некогаш живеел и тежел 635 килограми.