ЕДЕН ОД НАЈОПАСНИТЕ КРИМИНАЛЦИ ВО СВЕТОТ ПОБЕГНА ОД ЗАТВОР – Полицијата го вклучи алармот: Беше осуден на 34 години затвор, а преку ноќ “испарил“ од својата затворка ќелија !?
Озлогласениот водач на криминалната група Лос Чонерос исчезна од еквадорскиот затвор во кој се наоѓаше од 2011 година, соопштија властите во неделата и започнаа операција за негово лоцирање.
Генералот Цезар Запата, началникот на полицијата, на прес-конференција изјави дека вооружените сили на земјата утврдиле дека еден од затворениците во затворот Гвајакил „исчезнал“.
Иако Цезар Запата не го именуваше затвореникот, обвинителството кажа дека ќе го истражи „наводното бегство“ на Хозе Адолфо Масијас, водачот на Лос Чонерос.
Хозе Адолфо Масијас, чиј псевдоним е „Фито“, беше осуден на 34 години затвор во 2011 година за различни кривични дела, вклучително и трговија со дрога и убиства.
Лос Чонерос е криминална организација која властите ја поврзуваат со изнуда, убиства и трговија со дрога, меѓу другите злосторства – обвинета е и за контрола на главните затвори во земјата.