Еден од најпознатите светски режисери со остри критики – Оливер Стоун не бира зборови: “Џо Бајден може да ја започне Третата светска војна!“

Џо Бајден оди по самоубиствен пат во Украина и може да ги вовлече САД во глупава конфронтација со Русија“, предупреди Оливер Стоун, еден од најпознатите американски режисери.

Оливер Стоун гостуваше во подкастот „Stay Free“ („Остани слободен“) со британскиот коментатор Расел Бренд и ја обвини војната во Украина на неоконзервативното движење што ја започна војната во Ирак, а кое сè уште зазема важни позиции во администрацијата на актуелниот домаќин на Белата куќа.

Џо Бајден е стар борец на Студената војна, тој навистина го мрази стариот Советски Сојуз, кој сега го меша со Руската Федерација, која не е комунистичка земја“, рекол Оливер Стоун и продолжил: „Се чини дека не вовлекува во глупава пресметка со сила која нема да се откаже. Тоа се руски граници. Тоа е нивниот свет. Ова е влез на НАТО во Украина и тоа е сосема друга приказна“, објавија американските медиуми.

Цел на критики: Џозеф Бајден, претседател на САД
Џо Бајден

Режисерот, кој се прослави со филмовите „Alexander The Great“, „Wall Street“, „Born on 4 of July“… откри дека гласал за Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година, но сега смета дека тоа било грешка: „Мислев дека тој сега е стар, дека ќе се смири, дека ќе биде помек и слично, но сега гледам човек кој можеби не е на чело на сопствената администрација. Кој знае“.

Во 2016 година, Оливер Стоун го сними документарниот филм „Ukraine on fire“, во кој ја објасни улогата на САД во соборувањето на украински претседател Виктор Јанукович од власт во 2014 година. Во тој филм, авторот силно го критикува ширењето на НАТО кон исток, и американското спонзорство на групи во Украина и војната во Доњецк и Луганск предводена од наследникот на Виктор Јанукович, Петро Порошенко.

Настаните на Евро-Мајдан беа многу длабок план за навлегување во Руската Федерација“, вели Виктор Јанукович и продолжува: „Од 2014 година Украина повеќе не беше неутрална земја, туку антируска и тоа го наруши балансот. Секоја војна има причини и последици“. 

Интересно е и тоа што Оливер Стоун има сличен став како и Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, на кого му е голем противник.

Имено, Доналд Трамп во октомври минатата година исто така предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во уште една светска војна. 

Во 2017 година, Оливер Стоун сними четири едночасовни интервјуа со Владимир Путин, претседателот на Русија. Овие интервјуа привлекоа големо внимание во јавноста. Критичарите го критикуваа Оливер Стоун во тоа време дека не го прашал Владимир Путин ништо за неколку важни теми, вклучувајќи го и неговиот однос кон членовите на ЛГБТ заедницата и неговиот однос кон политичките противници.