Еден свештеник убиен, седум монаси повредени: Напад на христијански манастир во Шпанија

Еден свештеник загина, а седуммина беа повредени во страшен напад на манастир во Валенсија, кој на крајот на октомври беше погоден од поплави во Шпанија.

Напаѓачот, кој сè уште е во бегство, наводно извикал „Јас сум Исус Христос“ додека ги напаѓал свештениците во манастирот Санто Еспириту дел Монте.

Се известува дека напаѓачот вчера рано наутро ги нападнал монасите еден по еден во нивните соби откако ја прескокнал оградата, пишува Метро.

Тројца монаси на возраст од 57, 66 и 95 години се во болница поради повредите.

Се наведува и дека биле нападнати уште четворица, но не е јасно дали се во болница.

Се верува дека мажот кој починал се здобил со повреди на главата.

Христијанскиот манастир се наоѓа во Жиле, 35 минути возење северно од Валенсија, која сè уште се опоравува од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе пред помалку од две недели.

Според информации, полицијата трага по напаѓачот во планините во близина на манастирот.

Градоначалникот на Гилета Салвадор Коста изјави за локалниот печат дека натрапникот влегол во зградата извикувајќи „Јас сум Исус Христос“ пред физички да ги нападне монасите „со намера да ги убие“.

„Со длабоко изненадување и болка утрово ја примивме веста дека вознемирено лице влегло во манастирот Санто Еспириту дел Монте“, се вели во соопштението.

Алармот бил вклучен вчера околу 10 часот.

Само двајца монаси, кои работеле надвор во овоштарникот, го избегнале нападот.