ЕДНА ГРЕШКА СКАПО ЈА ЧИНЕЛА НАЈУБАВАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА МИС: Заработувала 3.000 долари дневно, а потоа назад! Вака живее денес
Бернарда Маровт еднаш беше прогласена за најубава млада жена која Југославија некогаш ја имала во неколку анкети. Таа беше на пат да стане Мис на светот, кога се дозна за скандалот што ја чинеше титулата .
Во 1982 година Бернарда беше избрана за Мис на Југославија во Загреб , а кога пристигна во Лондон беше дискредитирана поради разголените фотографии објавени во „Старт“ .
Насловната страна на „Start“ објавена истата година, продадена е во 350.000 примероци . Во тој број беа објавени нејзини слики на кои се гледаат нејзините голи гради . Поради ова таа се откажа од трката за Мис на светот.
Прогласена е за топ модел на Италија и топ модел на Европа , а на врвот на кариерата заработувала по 3.000 долари дневно .
Денес има 58 години, а се уште работи како модел и снима реклами. Таа долги години организира меѓународен натпревар за фотомодел во Словенија, а отвори и училиште за моделирање за млади . Често учествува во организација на модни ревии и настани. Живее меѓу Словенија и Италија, а има модна агенција во Милано.