Една држава подготвена да испрати војници во Украина! По Британците се огласи и „северниот тигар“ – Сакаат да им се докажат на Американците
Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од мировните сили по завршувањето на војната, изјави министерката за надворешни работи Марија Малмер Стенергард.
Таа ја даде изјавата откако британскиот премиер Кир Стармер објави дека е подготвен да испрати британски војници во Украина за да го зачува мирот, обидувајќи се да им покаже на САД дека европските земји мора да играат улога во преговорите за завршување на војната.
– Прво, мораме да преговараме за праведен и одржлив мир кој ќе ги почитува меѓународното право и Украина, а пред сè гарантира Русија едноставно да не се повлече, повторно да се засили и за само неколку години да ја нападне Украина или некоја друга земја – рече Стенергард.
„Штом ќе постигнеме таков мир, мораме да се погрижиме тој да може да се одржи, а потоа нашата влада не исклучува ништо“, додаде таа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Саудиска Арабија пред најавените разговори со руски претставници за ставање крај
на војната во Украина.