ЕДНА КУТИЈА ЦИГАРИ ЌЕ ЧИНИ ЦЕЛО “БОГАТСТВО“ – Оваа европска земја забранува пушење на плажи, паркови и други јавни места !?

Франција ќе го забрани пушењето на плажите и на други јавни места, како што се парковите и шумите, како дел од националниот план против чад од тутун претставен од Министерството за здравство, пренесуваат странските медиуми.

Плажи, паркови, училишта – на голем број места започна експеримент од сличен тип и сега се движиме кон усвојување на општо правило за да ја покажеме нашата решителност“, изјави министерот за здравство на Франција, Орелиен Русо за телевизијата BFM.

Орелиен Русо вели дека тутунските производи доведуваат до 75.000 смртни случаи годишно, наведувајќи дека Владата на почетокот на следната година ќе воведе закон за зголемување на бројот на јавни места каде што пушењето може да се казни.

Министерот за здравство на Франција, Орелиен Русо, денес го претстави планот за борба против пушењето.

Зголемувањето на цената на тутунот е навистина најефикасната мерка против тутунот, според истражувањето на Светската здравствена организација и независните студии на оваа тема“, порача Орелиен Русо за новинарите за време на презентацијата на националната програма против пушењето.

Според него, овој план има за цел да ја изгради првата генерација француски непушачи до 2032 година, во согласност со заложбата на францускиот претседател Емануел Макрон.

За да ја постигнеме оваа цел, се потпираме на два главни столба – поголемото оданочување и забраната на тутунот“, посочи Орелиен Русо и презентираше дека намерата на Владата е да ги спречи најмладите да почнат да пушат, како и силно да го поддржи откажувањето од пушењето особено меѓу најсиромашните.

Многу марки цигари денес достигнуваат цена од 11 евра за кутија од 20 цигари, а таа цена треба да се зголеми на 12 евра во 2025 година, а на 13 евра во 2026 година.

Пратениците, исто така, имаат намера да ги забранат електронските цигари за еднократна употреба, а првичната расправа за забраната за пушење се очекува во Националното собрание следниот месец.