“НИЕ НЕ ЈА ЗАПОЧНАВМЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА!“ – Владимир Путин повторно го обвинува Запад за се: “Русија е најголемата земја во светот, нема потреба да ја зема територија од Украина“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес повтори дека Русија не ја започнала војната во Украина, туку започнала „специјална воена операција“ во обид да ја запре војната.

Тој исто така нагласи дека Москва не организирала државен удар во Киев во 2014 година, пренесува РИА Новости.

Во својот годишен говор пред клубот за дискусии „Валдаи“, кој се одржува во Сочи, Владимир Путин порача дека Русија, најголемата земја во светот по површина, нема потреба да зема територија од Украина.

Тој кажа дека конфликтот затоа не бил империјален или територијален, туку глобален поредок.

Западот, кој ја изгуби својата хегемонистичка моќ и отсекогаш му требаше непријател, изгуби контакт со реалноста“, вели Владимир Путин.

Тој кажа дека Запад ја предизвика војната затоа што САД хегемонично се сметаат себеси за единствен арбитер на вистината на планетата.

Владимир Путин кажа дека западните лидери го изгубиле „чувството за реалноста“ поради „колонијалното размислување“ на Вашингтон.

Тој праша какво право имаат САД да држат предавања на која било друга земја.

Тој оцени дека на западните елити им треба непријател и, како што кажа, борбата против него може да биде објаснување за проширување и зачувување на контролата во одреден систем.

Тој кажа дека Русија била, е и ќе биде основата на светскиот систем, подготвена силно да се спротивстави на оние кои ги промовираат принципите на диктатура и насилство.

Мултиполарниот свет победи“, заклучи Владимир Путин.

Неговата изјава беше објавена речиси истовремено со веста за смртта на голем број луѓе во нападот во Харков.