ЕДНА НАВИКА АКО ЈА ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДЕТЕ Е ОДЛИЧНА ЗА ТЕЛОТО И УМОТ: Одвојувајте по 30 секунди секое утро и животот ќе ви биде многу поубав!

Колкумина од вас имаат потреба да се истегнуваат наутро? На многу луѓе им е тешко да се разбудат рано. Зевањето, триењето на очите и истегнувањето се само дел од работите што ги правиме во утринските часови.

Ако се прашувавте дали истегнувањето е воопшто корисно и здраво, одговорот е да. Тоа помага да се стимулира циркулацијата и да се зголеми енергијата, што може да ви помогне да го започнете денот посветло. Според една позната компанија за помош за спиење, ова се придобивките од истегнување веднаш по будењето:

  • ја зголемува флексибилноста на мускулите и зглобовите
  • ја подобрува циркулацијата
  • ја намалува напнатоста и стресот

Како што истакнуваат, истегнувањето е најдобриот аларм за телото, тоа всушност испраќа сигнали до мозокот дека е време да ги разбудиме сите наши мускули. Освен нив, ни се движат и зглобовите, како и циркулацијата по неколку часа лежење. Освен за утрински часови, истегнувањето е добредојдено во секое време од денот. Значи, ако работите работа која бара осум часа седење или повеќе, не е лоша идејата малку да го истегнете телото.

Експертите препорачуваат да останете во секоја положба додека се истегнувате одредено време. Обично, значи, 30 секунди е оптималното време. Ова ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да им дадете на вашите мускули доволно време да се релаксираат. После тоа, опуштете се и дишете нормално до следното истегнување, кое исто така ќе го држите 30 секунди.