Една од најголемите тениски ѕвезди во 2000-тите години го следи голем секс-скандал: Инсталирал камера во спалната соба на поранешната девојка и снимил се !?

Поранешната аргентинска тениска ѕвезда Дејвид Налбандијан (41 г.), кој стигна до финалето на Вимблдон во 2002 година, е обвинет дека тајно ја снимал својата поранешна девојка откако раскинале.

Дејвид Налбандијан беше една од елитните тениски ѕвезди во 2000-тите години, а во март 2006 година стигна до третото место на АТП листата.

Тој освои 11 турнири во сингл, а покрај тоа што се појави во финалето на Вимблдон пред 21 година кога загуби од Лејтон Хјуит, Дејвид Налбандијан барем еднаш стигна до полуфиналињата на другите три Грен Слем турнири.

Меѓутоа, како што пишува Bild, Дејвид Налбандијан сега е вмешан во скандал со својата поранешна партнерка Арачели Торадо (29 г.).

Германскиот весник тврди дека Аргентинецот, кој бил во врска со Арачели Торадо од септември 2022 до јуни 2023 година, поставил камера во станот во кој живеел парот во Палермо, Италија по нивното разделување за да продолжи да ја следи.

Арачели Торадо

Кога братот на Арачели Торадо го посетил станот, тој наводно забележал бизарен сјај зад отворот за воздух пред да го отстрани капакот и да ја најде камерата.

Камерата била поставена во спалната соба на Арачели Торадо, што ја шокирало манекенката и нејзиниот брад.

Ужасот беше неопислив. Не само што ме гледал, туку можел да ме гледа и гола!“, рекла Арачели Торадо, според обвинението.

Таа првично веднаш го пријавила Дејвид Налбандијан во полиција, но поради недостиг на докази обвинението е повлечено.

Но, Арачели Торадо и нејзините адвокати истрајаа во обвинението и приложија аудио-снимки и пораки во кои Дејвид Налбандијан, наводно, признал дека ја снимал.

Аргентинскиот весник La Nacion пишува дека во говорната пошта, поранешната тениска ѕвезда наводно кажал:

Дали сакате да бидам искрен ? Да, ја поставив камерата. Но, не можев да видам ништо бидејќи имаше проблем со интернетот“.

Дејвид Налбандијан сега се соочува со обвиненија за следење и сексуално вознемирување.