ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ КАЗНИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕР ЛИГАТА! Српската фудбалска ѕвезда се соочува со ‘драконска’ пресуда
Напаѓачот на Фулам беше суспендиран на осум натпревари поради нападот на судија Крис Кавана, кој досуди пенал за Манчестер Јунајтед кога гостите беа во водство на „Олд Трафорд“, исклучувајќи го Вилијан.
Митровиќ веднаш ја напушти играта откако неговиот соиграч откако Кавана му покажа црвен картон поради непримерна реакција. Српскиот репрезентативец по неговата одлука неконтролирано се упати кон главниот судија, „влегувајќи“ во лице до тој степен што дури и соиграчите го разделија. Покрај суспензијата од три натпревари што автоматски следеше по неговото исклучување, Фудбалската асоцијација додаде уште една суспензија од пет натпревари и парична казна од 75.000 фунти.
Тренерот на Фулам, Марко Силва, кој исто така беше исклучен за натпреварот против Манчестер Јунајтед, беше суспендиран на два натпревари и казнет со 40.000 фунти за неговото однесување и коментари.
Суспензијата на Митровиќ од осум натпревари е една од најтешките казни изречени во Премиер лигата. Дејвид Прутон доби десет натпревари во 2005 година за туркање на судијата Алан Вајли откако му беше покажан црвен, додека Паоло Ди Канио пропушти 11 натпревари бидејќи го турна судијата Пол Алкок на земја.