Блинкен: “Членството на Финска во НАТО ќе ги унапреди нашите заеднички цели – мир и стабилност во Европа и стабилен меѓународен поредок!“

На овој историски ден кога ја одбележуваме 74. годишнина на НАТО, исто така ја поздравуве Финска како 31. членка на НАТО, алијансата е посилна и побезбедна со Финска како сојузничка“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

Финска поседува високо способна армија и е активен учесник во операциите на НАТО. Исто така ги споделува нашите вредности и силни демократски институции. Уверени сме дека членството на Финска ќе ја засили нашата колективна одбрана и ќе ја подобри нашата способност да одговориме на предизвиците во евроатлантскиот регион“, истакна Блинкен 

Руската инвазија на Украина лани го забрза она што претседателот Путин сакаше да го избегне: посилна, пообединета трансатлантска алијанса. Шведска исто така е силен и способен партнер спремен да се приклучи на НАТО. Ги охрабруваме Турција и Унгарија да ги ратификуваат пристапните протолки за Шведска без одлагање“, повика тој. 

Според него, НАТО помага во одржувањето на мирот и стабилноста во Европа повеќе од 70 години и игра критична улога во промоција на стабилноста и меѓународниот поредок низ светот заснован на правила. 

Членството на Финска во НАТО ќе ги унапреди овие заеднички цели“, истакна Блинкен