Изјавата на Путин ја заледува крвта: Новата генерација балистички ракети кои носат повеќе од 10 боеви глави наскоро ќе бидат распоредени

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека новата генерација руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат 10 или повеќе нуклеарни боеви глави, наскоро ќе бидат распоредени за борбени задачи.

Говорејќи пред новите дипломирани студенти на Воената академија, Путин ја нагласи важноста на руската „тријада“ на нуклеарни сили што можат да бидат лансирани од копно, море или воздух, пренесува Ројтерс.

– Најважната задача овде е развојот на нуклеарната тријада, која е клучна гаранција за руската воена безбедност и глобалната стабилност – рече тој.

Околу половина од единиците и формациите на стратешките ракетни сили се опремени со најновите системи Јарс, а трупите повторно се опремуваат со модерни ракетни системи со хиперсонична боева глава Авангард, наведува агенцијата.