ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ДЕВОЈКИ ВО СВЕТОТ ПОВТОРНО Е СЛОБОДНА – Кендал Џенер ја раскина врската со познатиот рапер: Десет месеци ја криеа љубовта, а сега се е готово

Кендал Џенер раскина со познатиот рапер Бед Бани. Манекенката претходните денови ги помина сама во Аспен.

Кендал Џенер
Кендал Џенер

Ниту Кендал Џенер, ниту Бед Бани, кои беа заедно 10 месеци, сè уште не ја коментираа веста за раскинувањето. Ријалити-ѕвездата беше многу мистериозна во текот на нивната врска, што не беше ниту соодветно потврдено, туку најмногу се шпекулираше, сè до додека не се појавија нивните заеднички фотографии на кои се гледа како се бакнуваат.

Последен пат беа видени заедно во октомври на афтерпарти на шоуто „Saturday Night Live“, а претходно во февруари беа на двоен состанок со Хејли и Џастин Бибер, а во мај на познатиот фестивал „Коачела“.

Кендал Џенер го има најмистериозниот љубовен живот во семејството Кардашијан – Џенер.